Гевгелија денеска, 10-от ден од Октомври свечено подготвена за одбележувањето на празничниот ден – Денот на народното востание на македонскиот народ
Сончев октомвриски ден украсен со знамиња на Македонија, за одбележување на 85 годишнината од отпорот што го дадоа македонските и гевгелиските борци против фашистичкиот окупатор, со изведувањето на првите партизански вооружени акции.
Сонцето на слободата и денес сјае над Македонија, над Гевгелија и секое утро го озарува денот и пред бистите и спомен обележјата на Народните херои од Гевгелија, на загинатите за татковината борци од Гевгелија и гевгелиско, синови на Македонија.
Утре на 11 октомври ќе бидат овенчани со цвеќиња од почит и благодарност кон нивното херојско дело.



















