Една сообраќајка, еден тешко повреден, лишени од слобода фалсификатор и насилник од Валандово, ова е билтенот на случувања за време на празничниот викенд во Гевгелија и сторители од поблискиот регион.
На празничниот ден, 11.10.2026 во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци-Дојран, патничко возило „Киа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(40) од село Фурка, гевгелиско, изгубило контрола и излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 10.10.2026 во 09:40 часот на Граничниот премин Богородица на излез од државата полициски службеници го лишија од слобода М.К.М.А.(32) од Јордан затоа што при гранична контрола констатирано било дека холандската дозвола за престој што ја приложил била фалсификувана. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
На 10.10.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) од Валандово по претходна пријава дека со остар предмет упатувал закани кон неговата 54-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



















