Малиот голем фудбалер од Гевгелија, 9 годишниот Јован Насев од Гевгелија ја започна фудбалската сезона во својот нов клуб „Академија Александро Килкис“ со 5 постигнати гола на една утакмица и победа на својот клуб.
Првиот натпревар од сезонава го играа против поранешниот клуб на Јован, „АЕП Академија ПАОК“ и од негатива 4:1 во првото полувреме, Јован во 10-те последователни минути од натпреварот успева да постигне 5 гола и со оваа канонада од голови да го однесе својот клуб во победа од 4:6.
За ваквиот подвиг доби признание МВП на натпреварот – Јован, фудбалското торпедо од Македонија, од Гевгелија.
Јован настапува со тим играчи кои се две години поголеми од него, но со умешноста на теренот се истакнува посебно.
Победата беше посебно задоволство за „Академија Александро Килкис“ и доказ дека склучиле договор за настап со клучен фудбалер во играта, 9 годишниот Јован од Гевгелија, кој ќе настапува во боите на „Александрос“ следните 2 години, до неговата 11 година.
Следен голем настап на Јован е учеството на елитниот турнир за деца во Атина, „ЕЛИТЕ 2026“ каде што Јован ќе има можност да ги испроба своите фудбалски вештини со деца од елитни европски клубови, како што се „Реал“ Мадрид, „Баерн“ Минхен, „Челзи“ Лондон, „Милан“ од Милано, Италија, „ПСЖ“ Париз, и други.
Турнирот „ЕЛИТЕ 2026“ ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Атина, Грција.
Му посакуваме среќа и прецизен шут на малиот спортски амбасадор од Гевгелија, малиот фудбалер Јован Насев!




















