ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Т.(40) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’.
И.Т. од Богданци на 29.11.2022, користејќи програма преземена од интернет, навлегол во персонален компјутер на правно лице од Скопје – претставништво во Гевгелија и направил долг во висина од 1.249.000 денари.
Кривичната пријава ќе биде проследена до Основното Јавно обвинителство во Гевгелија.
На пријавениот И.Т. му се заканува казна до три години затвор според член 251 од Кирвичниот закон на РМ:
„(1) Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на друг начин ќе направи неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за одржување на информатичкиот систем или ќе го оневозможи или отежне користењето на компјутерски систем, податокот или програмата или на компјутерска комуникација, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за искористување на неговите податоци или програми заради прибавување противправна имотна или друга корист за себе или за друг или предизвикување имотна или друга штета или заради пренесување на компјутерските податоци што не му се наменети и до кои неовластено дошол на неповикано лице“ – се вели во Член 251 од КЗ.