На првиот натпревар на стартот од сезоната гевгелискиот тим на КК „Кожуф“ оствари победа над КК „Скопје“ со резултат 95:101 на гостински терен.
Ова е добар старт за избраниците на Тодоровиќ кои годинава имаат намера да атакуваат за место погоре во табелата на кошаркарската лига на Македонија.
Во одличен и борбен натпревар, исполнет со голема желба, енергија и карактер, црвено-белите постигнаа 101 поен и заслужено стигнаа до триумф на гостувањето во Скопје.
Најефикасни во составот на гевгелиски „Кожув“ беа:
1. Никола Бојчев – 24 поени, 5 скокови и 1 асистенција.
2. Теј Армстронг – 23 поени, 10 скокови и 4 асистенции, за дабл-дабл учинок.
3. Стефан Симиќ – 21 поен, 9 скокови и 7 асистенции. Со индекс на ефикасност 28, Симиќ беше најефикасен играч на натпреварот.
4. Најџел Бурис – 20 поени, 7 скокови и 1 асистенција.
5. Дамјан Крстевски – 10 поени, 5 скокови и 3 асистенции.
Од управата на клубот оценуваат дека ова е „Одличен старт на сезоната и важна победа за нашиот состав!“
Следниот предизвик е КК „МЗТ“ Скопје, во натпревар кој ќе се одигра на домашен терен, во Гевгелија.




















