Радослав е пример како од скромно момче од Богданци, со визија и силна работна етика, се станува успешен професор на Универзитетот Хофстра во Њујорк!
Радослав Стојчевски е поранешен студент на Институтот за биологија, а денес успешен млад професор на Универзитетот Хофстра во Њујорк, на кого сме особено горди, објави Природно-математичкиот факултет.
Од факултетот го поканиле да ги сподели своите впечатоци од студирањето на ПМФ, своите кариерни успеси и препораки за сегашните и идни студенти.
– „ПМФ ми овозможи силна научна основа, критичко размислување и дисциплина кои се клучни во истражувачката работа“ – вели Радослав.
Стојчевски раскажува дека во кариерата бил најгорд на назначувањето за асистент-професор по медицина на Школата за медицина Доналд и Барбара Закер, при Универзитетот Хофстра во Њујорк, и на објавувањето на неговиот магистерски труд во реномираниот журнал „Biochemical Pharmacology (Q1)“. На студентите им порача да веруваат во себе, во сопствениот потенцијал и во трудот што го вложуваат.
- „Работам во областа на канцер-биологијата, дијабетесот и репродуктивната биологија, при што истражувам:
– ефекти на куркумински анализи врз дијабетесот и карциномот на дојка,
– потоа на дијабет-индуцирано аскуларно ремоделирање со акцент на улогата на јонските канали и васкуларната електрофизиологија;
– улогата на хормонот ирисин во репродукцијата“.
Радослав во „Lenox Hill Endocrinology“
За својата кариера вели дека најдрагоцено му е периодот на образованието каде стекнал круг на колеги и професори со кои постојано разменува идеи и информации од светот на науката.
Инаку, Стојчевски бил запишан во Средното општинско училиште „Богданци“ во Богданци, кое го завршил како првенец на генерацијата, а потоа, по завршувањето на студиите во Скопје, добил шанса да го надгради и усоврши своето знаење во САД.

Денес, стоејќи пред студентите како професор, тој не е само предавач, туку пример. Пример дека со труд, дисциплина и верба во себе, соништата можат да станат реалност. И секоја лекција што ја предава носи дел од неговата приказна – приказна за момче кое никогаш не се откажало.





















