вторник, 24, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

Женскиот ракометен состав „Гевгелија Југ“ стар неполни 2 години сезонава дебитираше во Првата Лига за жени и освои ВИЦЕШАМПИОНСКО место

ноември 22, 2026
in СПОРТ
ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига
0
SHARES
414
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ракометарките на „Гевгелија Југ“ со победа го завршија есенскиот дел од сезоната во Првата лига. Во дуелот од 10 коло, гевгеличанки славеа против Струга со 38-31 и ја потврдија втората позиција на табелата.

Во пресметката на двата нови тимови во прволигашката конкуренција, одиграна во спортската сала „26 Април“, домашниот состав уште во првото полувреме ја најави победата. На паузата Гевгелија Југ имаше предност од 19-11, која ја задржа и во продолжението за конечни 38-31.

Related posts

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

ноември 16, 2026
РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

ноември 16, 2026

Со овој триумф, Гевгелија Југ го заокружи првиот дел од сезоната на второто место, веднаш зад лидерот „Овче Поле СУ“, но и му одмазди на составот на Струга за единствениот пораз досега.

Нина Попова беше најефикасна во победничкиот тим со 12 погодоци, Елена Димова постигна десет, а Нина Милевска додаде осум. Во гостинскиот состав, Емилија Атанаскоска се истакна со десет гола.

По овој успешен старт на сезоната на гевгелиските ракометарки, претседателката на клубот Елма Попова за GevgelijaNet изјави:

  • „Второ место во Првата женска ракометна Лига по долго време на стагнација на женскиот ракомет во Гевгелија е наградата за девојките кои напорно работеа секој ден, трениравме, дававме максимален максимум и девојките и тренерот, за да ги доведеме на едно завидно ниво кое го заслужуваат.
    Оваа година мој императив како претседател на клубот беше да ги вратам во клубот сите девојки ракометарки од Гевгелија кои од некои причини ги закачиле патиките на клин. Мислам дека делумно успеавме во тоа. Сите девојки кои се во состав на „Гевгелија Југ“ се повратнички во клубот, освен Нина Милевска која доаѓа од ракометната школа на ЖРК „Вардар“.
    Повратнички во клубот се: Јасмина Попова, Нина Попова (репрезентативка на Македонија), Елена Димова и Данијела Каранфиловска“ – изјави претседателката на клубот Елма Попова.

Таа ги пофали сите девојки за својата заложба на тренинзите и на терен.

  • „Овој резултат не е случаен. Ние работиме тренираме секој ден, се даваме максимално за женскиот ракомет во Гевгелија да биде гордост еден ден на сите кои го сакаат спортот“, ги пофали Попова девојките и тренерот на тимот Перо Минев.

Честитките за освоеното ВИЦЕШАМПИОНСКО место одат на адреса на девојките кои го сочинуваат ЖРК „Гевгелија Југ“, а то се: Кристина Ристова, Нина Милевска, Мелита Бурмузовска, Јасмина Попова, Јована Горгиева, Ружица Кирова, Симона Динева, Елена Димова, Нина Попова, Анастасија Горговска, Даниела Каранфиловска, Елена Тасевска, Кузманова Драгана, Марија Стојковска, Билјана Кадиева, Верица Шуклева.

Ќе ги додадеме и пионерките Мартина Апостолова, Росана Проданова и Марија Митрова кои до година треба да го загреат теренот со игра во натпреварувачките дуели на лигата.

Честитки за ракометните Вицешампионки од Гевгелија и стручниот штаб кој за една сезона ги осоколи да се искачат на Второто место на табелата на Првата Лига од РФМ.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

3 години ago
МВР-ПС Дојран – пронајдена граната и тешка сообраќајка

МВР-ПС Дојран – пронајдена граната и тешка сообраќајка

8 месеци ago
1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

3 години ago
Атлетските сили на Гевгелија истрчаа Ултра маратон

Атлетските сили на Гевгелија истрчаа Ултра маратон

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига
  • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
  • Денес се чествува Свети Архангел Михаил

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

ноември 22, 2026
Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница

ноември 22, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist