Свети Архангел Михаил (познат и како Арангеловден) е заповедник на небесната војска и предводник на ангелите, кој православните христијани го празнуваат на 21 ноември (Собор на свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили).
Се смета за заштитник од злото, заштитник на борците, војниците, полицајците, падобранците, заштитник од тешки и студени денови.
Православните христијани и именосците на овој борец и светец денес го слават овој ден со Свети литургии и домашни слави.
Нека Ви е благословен денот, домот, саканите и ближните, во здравје, слога и благород на сите славеници на небесниот војсководец и заштитник Св.Архангел Михаил🙏



















