Љубовта не’ создава, љубовта е причината што доаѓаме на свет, љубовта е грижата додека растеме, љубовта е зрелост која не’ дефинира, љубовта е двигател на Светот и општеството.
Со ваква инспирација синоќа во големата сала на Народниот театар од Гевгелија настапија учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ изведувајќи поетски, музички и танцови точки посветени на љубовта и претстојниот празник, Меѓународниот ден на жената 8-ми март.
Манифестацојата наречена „Љубовна“ беше изведена по сценарио на м-р Мери Олумчева, музички соработник професор Горан Лазаров, техничка поддршка К.Младеновска, а на истата настапија уеници, наставници, музичари.
Го издвојуваме настапот на танцовата група „ДИВА“ под раководство ма Марија Граматикова и разиграните девојчиња од училиштето „К.Мисирков“. Тие изведоа кореографски осмислени точки на мизика од Дуке Бојаџиев, од Владо Јаневски, „Што те нема“ од Лидија Кочовска и нумера од Оливера Станковска.
Од музичарите кои настапија на сцената на „Љубовна“ беше и локалната кантавторка Оливера Станковска со својата песна „Момчет од југот“ на која танцова изведба имаа девојчињата од групата „ДИВА“.
Манифестацијата „Љубовна“ е музичко-поетска честитка за сите жени, па ако не ја видовте претставата синоќа во живо, ете со ова кратко парче новинарски запис и видео запис Ви посакуваме „СРЕЌЕН 8-ми Март – Меѓународен ден на жената!“ До сите припаднички од понежниот пол – „Бидете среќни, сакани и почитувани!“




















