МВР јавува дека во текот на вчерашниот ден 13 ноември пронајдени се мигранти на ГП „Богородица“ и поднесени се две КП од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија.
Вчера, среда (13.11.2024) околу 01:30 часот на Граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „Сканија“ со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот.
Од страна на царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти. Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката.
Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.Р.(36) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.09.2024 на клучка Прдејци, во правец кон с.Негорци, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „Мерцедес“ при што било констатирано дека регистарските ознаки потекнуваат од друго возило.
Втората Кривична пријава ја „заработи“ скопјанец.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Х.Д.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при недозволен влез и транзит“. На 17.09.2024 пријавениот со патничко возило „Ауди 5“, се обидел да превезе лица до Скопје, кои претходно оствариле незаконски влез во државата.
Кривичните пријави се доставени до ОЈО како надлежен орган за постапување по истите.