На 13.11.2024 во 21:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода К.Н.(18) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против К.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден МВР јавува за приведен граѓанин од Косово заради нелегален превоз на мигранти:
На 13.11.2024 во 16:15 часот во близина на с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Богородица“ го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово. При преглед во возилото „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.
Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.
У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.