сабота, 21, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Започна изградба на атлетска патека во Гевгелија, инвеститор е Министерството за спорт

Инвестицијата вредна околу 8 милиони денари од вчера започна со реализација, а на чинот присуствуваше и министерот за спорт, Борко Ристовски

ноември 20, 2024
in ФОКУС
Започна изградба на атлетска патека во Гевгелија, инвеститор е Министерството за спорт
0
SHARES
156
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Инвестиција од 8 милиони денари наменети за изградба на атлетска патека во Гевгелија вложува Министерството за спорт на РСМ, а министерот Борко Ристовски, вчера го посети нашиот град за да го најави почетокот на градежните работи за реализација на истата.

– „Ова е еден од капиталните инвестиции во спортот за кој се залага Министерството. Не може да очекуваме резултати во спортот, ако не вложуваме во спортската инфрструктура. Овој проект денеска започнува со реализација. Ние ветивме дека ќе биде готов во текот на 2025 година, но еве сега најавуваме дека ќе биде готов до крајот на годината. Атлетска патека на која може да спортуваат атлетичaрите, но и сите спортисти и рекреативци“ – изјави министерот во Гевгелија.

Related posts

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Атлетската патека според проектот ќе биде долга 320 метри, ќе има 4 ленти за трчање со севкупна ширина од 5 метри.
Спортската инестиција се гради на локација кај поранешна Касарна, во близина на постојното тениско игралиште, а изведувач е фирмата „Битем“ од Скопје.

Целата иницијатива за градење на атлетска патека потекнува од членовите на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ во Гевгелија кои со своето петгодишно постоење како клуб најавуваат амбиции за големи спортски настани, и потреба од современа атлетска патека за тренинзи, за рекреација, и секако за одржување на спортски настани на професионално изградена современа спортска патека.

Оваа иницијатива ја образложи Драган Ристов, еден од оснивачите на АК „7 Ноември“ при првата посета на министерот Борко во Гевгелија. Подоцна иницијативата доби поддршка и од општина Гевгелија за одобрување локација, стана дел од буџетот на Министерството за изградба на спортска инфраструктура и, еве конечно, изградбата започнува, иницијативата се реализира на дело.

На овој настан секако присуствуваа иницијаторите, членови на Ак „7 Ноември“ кои искажаа благодарност за слухот на министерт Борко за потребите на спортистите.

Министерот Борко Ристовски со членовите на АК „7 Ноември“ и градоначалникот Сарамандов

Градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов ги искажа заложбите на општината за развој на спортот, вложувања во спортот и поддршката на овој проект со обезбедување на соодветна локација која со други инфраструктурни зафати треба да прерасне во нов спортски центар во Гевгелија, кај Касарна.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

Next Post

Македонија избра „Маж на годината“ – тоа е комичарот Љубе Крстевски

Next Post
Македонија избра „Маж на годината“ – тоа е комичарот Љубе Крстевски

Македонија избра „Маж на годината“ - тоа е комичарот Љубе Крстевски

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Четиригодишниот  Дамјан се врати пораснат и излекуван од Турција

Четиригодишниот Дамјан се врати пораснат и излекуван од Турција

4 години ago
Заврши потрагата по малата Данка – најдена е фрлена во депонија

Заврши потрагата по малата Данка – најдена е фрлена во депонија

3 години ago
Јован Насев – добитник на 9-от медал за МВП на турнир во Грција

Јован Насев – добитник на 9-от медал за МВП на турнир во Грција

1 година ago
IQOS ILUMA е во Гевгелија

IQOS ILUMA е во Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“
  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари
  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist