Осум годишниот Јован Насев од Гевгелија денеска го освои 9-от медал за најдобар стрелец на турнир во фудбал во пионерската лига на Грција.
Ова е значајно остварување за него зошто својата меѓународна фудбалска кариера ја започна во март, а за 5 месеци активна игра освојува 9 првенства и 9 трофеи за најдобар стрелец на одиграните турнири во Грција.
Денеска Јован настапи со својот клуб АЕП „Академија ПАОК“, (со кој потпиша договор за настап во февруари годинава) на турнир во Кристони. Овде учество зедоа клубовите на „Академија ПАОК“-Кристони, „Академија Килкис“- Килкисијон и АЕП „Академија ПАОК“ во кој настапува Јован.
На првиот натпревар против „Академија ПАОК“- Кристони Јован постигна 3 гола за освоената победа на својот тим од 3 : 1. Значи 100% гол реализација на Јован во победничкиот резултат од натпреварот. Погледнете го првиот постигнат гол:
Следуаат вториот и третиот гол за АЕП „Академија ПАОК“ постигнати од малиот Јован Насев од Гевгелија:
На вториот натпревар против „Академија Килкис“- Килкисијон Јован постигна 2 гола во победничкиот меч од 3 : 0.
Погледнете ја првата гол реализација од Јован:
Од овој турнир за деца-фудбалери генерација 2015 тимот на Јован АЕП „Академија ПАОК“ го освои победничкиот трофеј, а Јован освои медал за прво место на тимот и медал за „Најдобар стрелец на турнирот“ МВП. Да напоменеме, Јован е роден 2017 година и има 8 години, за 2 години е помал од сите играчи на турнирот.

Потоа следуваа натпреварите за генерацијата U-12, за која Јован „доцни“ цели 4 години.
По извонредната игра на турнирот наменет за генерацијта 2015 на барање и иницијатива на тренерот на АЕП „Академија ПАОК“ Јован се вклучи да игра во финалниот натпревар на својот клуб против „Академија ПАОК“-Кристони. Се работеше за фудбалски настап со деца родени 2013 година, од кои Јован е помал за цели 4 години живот, развој и фудбалско искуство.
Но, талентот од Гевгелија изгледа не брои години и не стравува кога соиграчите се за глава поголеми од него.
Во доста тежок натпревар, при резултат 1:1, во последен момент, на 3 минути пред крајот на натпреварот Јован постигна прекрасен еврогол за победа на неговиот тим со резултат 2 : 1 со што заедно со своите клубски соиграчи од генерација 2013 го завзедоа подиумот за ПРВО место и победничкиот пехар.
ВИДЕО – победничкиот гол на Јован:
Александар Насев, поранешен фудбалер на ФК „Кожуф“ Гевгелија вели дека е горд татко на малиот, а сепак голем Јован.
Тој за GevgelijaNet открива дека за фудбалскиот талент на Јован биле контактирани од Фудбалскиот Сојуз на Србија со прашање дали Јован има семејни корени од Србија за да му издадат српски пасош, за да може да го ангажираат да настапува за пионерската репрезентација на Србија.

Да носиш несекојдневен талент во себе е привилегија и одговорност да го развиваш исправно, за доброто на детето, зошто Јован сепак е само дете кое сака да игра фудбал, но и со другарчињата, ужива да оди на училиште, го интересира математиката и слободните трчкарања во школо со другарчињата.
Браво Јоване! Пред тебе стои светла кариера! Играј, сонувај, летај со фудбалот кон спортските висини!
ВИДЕО: Joван Насев – прогласен за МВП на почетокот од фудбалската сезона во Грција




















