Најмлиот фудбалер од Гевгелија и воопшто од Македонија кој остварува фудбалка кариера во странство, Јован Насев (8) денеска започна со настап во новата фудбалска сезона и реализира 5 голови, 1 асистенција и беше прогласен за МВП на натпреварот.
Јован Насев има 8 години и веќе една година настапува за АЕП „Академија ПАОК“ од Грција.
Денес заедно со неговиот тим се натпреваруваше против „Академија Килкис“. Натпреварот заврши со резултат 8 : 7 за тимот на Јован, ЕП „Академија ПАОК“.
Јован на натпреварот имаше 100% реализација, а во резултатот имаше остварување од 63%, со што беше најефикасен и најкорисен играч во својот тим. Севкупно, со остварените 5 гола и 1 асистенција Јован беше прогласен за најдобриот играч на овој натпревар.
Во продолжение Видео инсерти од постигнатите голови на Јован и асистенцијата.
Ова е првиот постигнат голод ЈОван, следното видео е извонредната асистенција:
Следуваат другите погодоци на Јован во мрежа. Вториот гол постигнат со глава:
Третиот и четвртиот гол на Јован:
За напомена, Јован игра со генерација фудбалери кои имаат по 10-11 години возраст. Тој е најмал во тимот, а највешт со топката и најпрецизен и храбар стрелец пред голот.
Пролетната сезона ја заврши со седумкратно прогласување на МВП на натпреварите од грчката пионерска лига. Новата сезона ја продолжува со исто темпо, голови во мрежите на противникот, смели асистенции кога е најпотребно и трофеј за МВП на натпреварот.
За овој мал фудбалерски талент од Гевгелија веќе има понуди да настапува за други тимови од странство, „Арис“ од Грција, тимот на денешниот противник на теренот „Академија Килкис“ и „Партизан“ од Белград.
– „Засега остануваме овде во АЕП „Академија ПАОК“, Јован се вклопи во тимот успешно, редовно тренира, редовно посетува настава во своето училиште во Гевгелија. Дали ќе има потреба да го менува клубот ќе видиме понатаму. Пред Јован е фудбалска иднина“ – вели посветениот татко на Јован, Александар Насев и самиот фудбалски поклоник, поранешен фудбалер на ФК „Кожуф“ Гевгелија.
Браво за малиот фудбалски талент од Гевгелија!
ЈОВАН НАСЕВ од Гевгелија по 7-ми пат „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција



















