Вкупно 5.000 садници од чемпрес и багрем денеска се засадени во акција за пошумување кај месноста Топлик во Гевгелија.
На акцијата учествуваа граѓани, невладини организации, спортски клубови и личности од општествено-политичкиот живот од Гевгелија.
Организатори на истата беа Општина Гевгелија во соработка со ШС “Кожуф”, ЈПКД “Комуналец”, ОО на “Црвен крст” Гевгелија.
Почвата во Гевгелија и околината беше полеана со 6,2 лири водена маса на 1 м2, од синоќешниот дожд, со што беше потхранета за да ги нахрани и им даде живот на новите садници.