Жена од Македонија, ги поместила границите на биолошкиот часовник за мајчинство, го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје на возраст од 61 година.
Вакви случаи во светот се ретки, а кај нас уште поретки. Но, со развојот на медицината и се почестата употреба на ин витро техниката, не се невозможни.
Желбата на жената да стане мајка отсекогаш била голема. Некои не се откажуваат од својата намера и на таа возраст. На оваа жена очигледно и успеало да го износи своето бебе, а сега во прегратки ќе го држи својот најголем дар.
Од регионот, позната е приказната за Атифа од Нови Пазар, Србија, која својата ќерка ја роди на возраст од 65 години пред седум години. Нејзината ќерка годинава стана прваче.
Најстрата жена во светот која првпат родила дете е Индијка, која се породи на 74-годишна возраст во 2019 година.