Училишниот тим во кошарка на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија вчера оствари победа на Зонски турнир во кошарка за машки.
На турнирот кој се одржа во Богданци учествуваа тимови од средните училишта од Гевгелија, Богданци и Велес, кои припаѓаат на зона Велес. Тоа се училиштата: СОУ „Богданци“ – Богданци, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и ДСУ-РЦСОО „Коле Неделковски“ -Велес.
Секој одигра натпревар со секого.
Гевгелиските средношколци беа торпедно расположени на теренот и остварија неколку десетици коша предност и над двата противнички тима. Во финалниот дел победата на турнирот му припадна на тимот на гевгелиските средношколци од „Ј.Јосифовски“.
Со оваа победа училишниот тим на „Ј.Јосифовски“ составен од ученици од I, II, III и IV година се пласираа за учество на регионален турнир во кошарка во конкуренција помеѓу средните училишта.
Професори-ментори на средношколскиот тим од Гевгелија се Влатко Семенаков и Трајче Стојанов.
Организатор на турнирот на зонско ниво, и на следниот на регионално ниво, е Федерацијата на училишни спортови на Македонија во која здружено учествуваат општинските сојузи на училишниот спорт кои делуваат на остварување на целите и задачите во областа на училишниот спорт.