четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Парична награда за пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од Општинскиот Буџет

Нова Предлог-Одлука за наградување на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија за вонредно вложните напори летово да се справат со огромниот број пожари на отворен простор ќе биде на дневен ред на претстојната 53-та седница на Советот на општина Гевгелија закажана за петок, 6 декември

декември 4, 2024
in ФОКУС
Парична награда за пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од Општинскиот Буџет
0
SHARES
317
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Советот на општина Гевгелија по втор пат ќе одлучува за одвојување буџетски средства за исплата на парична награда на вработените пожарникари во ТППЕ Гевгелија за вонредно вложните напори летово да се справат со огромниот број пожари на отворен простор во Гевгелија и на територијата на својата надлежност, Богданци и Дојран.

Вкупно 20 пожарникари треба да добијат по 11.000 денари со вклучен персонален данок за исплата на средствата, или вкупно 220.000 денари ќе бидат одвоени од Буџетот на општина Гевгелија за 2024 година.

Related posts

Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025
По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025

Оваа награда доаѓа по предлог од советничката група на СДСМ и советникот Николчо Петров од партијата Левица. И двата предлога дојдоа до административните служби на општината во ноември 2024 година, беа поставени на дневен ред на ноемвриската седница на Советот и истата точка беше симната од дневниот ред заради додадени имиња за исплата на парична награда за комуналните работници и вработени во Шумското стопанство „Кожуф“ Гевгелија, од страна на администрацијата.

Дел од екипата на ТППЕ Гевгелија на терен

Советникот на Левица побара точката да биде симната од дневниот ред и да се планира исплата само за пожарникарите кои гаснеле пожар, како што е во предлогот иницијативата за дополнување на дневниот ред, а не и за комуналците и вработените на Шумското стопанство кои волонтирале во гаснењето пожари.

Советникот од ЛДП на 52 седница побара да се симне точката од дневниот ред затоа што наместо 20 пожарникари службите во одлуката додале уште имиња и списокот пораснал на 110 лица.
– „Ова повеќе мириса на коруптивно делување отколку одлука за парична награда“- истакна Петар Апостолов од говорницата на Советот.

Советникот од независната листа на граѓани чинот на наградување го нарече „популистички“.
– „Ако толку се грижите за пожарникарите купете им нова опрема за да не одат да гаснат пожари на ризик, качете им ги платите, а не да им давате еднократна награда од 10.000 денари“ – истакна на ноемвриската седница Томе Кичуков.

Совет на општина Гевгелија

Советникот Тодор Ристов од СДСМ забележа дека:
– „Одлуката е неизвршна бидејќи службите не утврдиле дека во буџетот нема средства од 960.000 денари за исплата на 70 лица според првиот список составен од пожарникари, комуналци и вработени во ШС, а сега слушам дека списокот пораснал на 110 лица. Значи треба уште пари, а нема таква планирана ставка во буџетот“.

Точката за еднократна парична награда се симна од дневниот ред на 52-та седница одржана во ноемрви 2024 и се испрати на доработка до службите во општина Гевгелија.

Еве го резултатот од доработката: Се предлага нова Одлука со која секој пожарникар од ТППЕ Гевгелија  треба да добие парична награда од 11.000 денари со вклучен ПД.

За одлуката да биде законска и извршна треба за неа да се изјаснат мнозинтвото од членовите на Советот на општина Гевгелија на веќе закажаната 53-та редовна седница, што треба да се одржи на 6 декември годинава.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешко повреден малолетен гевгеличанец во Богданци

Next Post

Денеска е Светскиот ден на турското кафе, на здравје кафето во било кое време од денот

Next Post
Денеска е Светскиот ден на турското кафе, на здравје кафето во било кое време од денот

Денеска е Светскиот ден на турското кафе, на здравје кафето во било кое време од денот

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ФК „КОЖУФ“ ген.2011/12 – пласман на 9 место на меѓународен турнир во Грција

ФК „КОЖУФ“ ген.2011/12 – пласман на 9 место на меѓународен турнир во Грција

1 година ago
„Гарантирана цена“ – пониски цени и во маркетите низ Гевгелија

„Гарантирана цена“ – пониски цени и во маркетите низ Гевгелија

2 години ago
Трагична сообраќајна несреќа, загинa возач од Гевгелија

Трагична сообраќајна несреќа, загинa возач од Гевгелија

3 години ago
Македонката Марија освои ВТОРО место на Светско првенство во боди билдинг

Македонката Марија освои ВТОРО место на Светско првенство во боди билдинг

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција
  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

септември 18, 2025
Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist