Јован има само 6 години и веќе едноипол годишно искуство со планините.
Викендов заедно со 30 членови на ЗПСК “КОЖУФ” Гевгелија беше дел од 1000-те планинари од цела Македонија кои го искачија врвот Панаѓур, по повод одбележувањето на Светскиот ден на Планината, 11 декември. Настанот го организираа ПСД “Осогово” Кочани и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Во прекрасна атмосфера и убав сончев ден рамо до рамо со искусните планинари Јован пешачеше, се искачуваше, позираше на снегот при групно селфи и така покажа дека планинарењето е спорт и за млади и за помалку млади, од 6 до 66 години.
Јован доби Благодарница од организаторот за успешно завршената акција како најмлад планинар меѓу 1000-та планинари од цела Македонија.
Највисокиот подвиг на Јован, спортски успех како никој до сега на негова возраст е искачувањето на највисокиот врв на Кожуф планина, врвот Зелен брег, висок 2.172 мнв. во октомври годинава.
Желбата е тука, спортскиот порив исто така, поддршката од спортистите во неговото семејство не изостанува, така што спортската определба за активност на Јован и понатаму се гради.
СРЕЌНО!