петок, 18, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Нова правда, ново судење за одговорните доктори за смртта на родилката Маја Кадиева во гевгелиската болница

Врховниот суд ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес и предметот го врати на повторно судење

декември 12, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
Нова правда, ново судење за одговорните доктори за смртта на родилката Маја Кадиева во гевгелиската болница
0
SHARES
800
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот 22 октомври 2015, при породување на пациентката Маја Кадеива од с.Николиќ, општина Дојран во Општа болница Гевгелија, беше кобен за родилката и резултираше со смрт  нејзина и на нејзиното бебе.

Девет години семејството на Маја, сопругот и децата очекуваат правосилна пресуда на одговорност за докторите од оперативниот тим за пораќање со царски рез. Обвинети беа двајцата анестезиолози Томе Ванчев и Зоран Јовановски и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица кој беше ангажиран од Општа болница Гевгелија.

Related posts

Полицајци Хуманитарци!

Полицајци Хуманитарци!

јули 17, 2025
Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

јули 17, 2025

По пресуда на Основниот суд во Велес против двајцата анестезиолози кои во меѓувреме починаа, судот ги ослободи од вина Чалков и Москов.

Предметот стаса по жалба до Апелациониот суд кој ја повтори пресудата за починатите анестезиолози и ослободителната пресуда за двајцата доктори гинеколози.

Судење за смртта на родилката Кадиева во Основен суд Велес

Основното Јавно обвинителство Велес се жалеше на оваа пресуда до Врховниот суд.

Врховниот суд ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес и на оштетениот Димитрие Кадиев и предметот за одговорноста за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, кои пред 9 години починаа во болницата во Гевгелија, го врати на повторно судење, пред Апелација Скопје. Обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“ се гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица, како и анестезиологот Томче Ванчев од Гевгелија, кој во меѓувреме почина. Почина во текот на истрагата и вториот анестезиолог Зоран Јовановски.

Врховиот суд, постапувајќи по жалбата, констатирал нeколку сериозни повреди на законот:

  • „Апелациониот суд Скопје не ги ценел во доволна мера изведените докази од кои произлегува дека обвинетите со превземените дејствија постапиле спротивно на Упатството за медицинско згрижување при царски рез, донесено од Министерството за здравство, објавено во Службен весник на Република Македонија број 47 од 24.03.2015 година. Без постоење на индикација за итност на интервенцијата, без извршени испитувања за моменталната здравствена состојба на пациентката, туку прифаќање на резултати од испитувања направени десетина денови претходно, без навремено комплетирање и состанување на медицинскиот тим кој требало да ја изврши интервенцијата и негово координирано дејствивање при постапувањето согласно Упатството за безбедна хирургија донесено од Светската здравствена организација, а на тој начин однесувајќи се несоодветно, неодговорно и несовесно, телефонски е повикана родилката на 22.10.2015 година заради породување со царски рез иако веројатниот термин за породување на сега покојната родилка Маја Кадиева бил 02.11.2015 година. Во таа прилика, обвинетите иако требале да бидат кохезивни, да делуваат и соработуваат заедно, воопшто не комуницирале и не размениле информации за безбедно одвивање на оперативниот зафат, како што налагаат лекарските правила и прописи, па обвинетите Венци Чалков и Дончо Москов, иако можеле и требале да бараат одложување на интервенцијата, при невозможноста пациентката да биде воведена во анестезија од страна на анестезиологот, тие тоа не го сториле“, се вели во одлуката на Врховен суд.

Судот бара од Апелација Скопје да ги земе предвид овие укажувања и да донесе правилна и законита одлука.

Оштетениот Димитрие Кадиев, сопругот на починатата родилка Маја, е разочаран од текот и долготрајноста на овој предмет и немањето после 9 години се’ уште правосилна судска пресуда.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонски ученици освоија ПЕТ медали на Меѓународна јуниорска Олимпијада

Next Post

ВИДЕО: Во Валандовско запленети околу 4 тона марихуана

Next Post
ВИДЕО: Во Валандовско запленети околу 4 тона марихуана

ВИДЕО: Во Валандовско запленети околу 4 тона марихуана

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Филипче до сопартијците во Прилеп: Да се обединиме зад заедничката цел – победа на изборите

Филипче до сопартијците во Прилеп: Да се обединиме зад заедничката цел – победа на изборите

1 година ago
Македонската победничка на „Ѕвездите на Гранд“ Славица пречекана славенички

Македонската победничка на „Ѕвездите на Гранд“ Славица пречекана славенички

2 години ago
Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

1 година ago
Споменик за Сашко Гешовски во Сплит – првата жртва на воените конфликти во бившите YU републики

Споменик за Сашко Гешовски во Сплит – првата жртва на воените конфликти во бившите YU републики

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите
  • Полицајци Хуманитарци!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025
Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist