сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

IN Memoriam: Гевгелија се збогува со Ристо Нејков, спортист од првата генерација на РК „Партизан“ Гевгелија

Минатата недела Гевгелија се прости и се збогува од Ристо Нејков, познат градски лик, спортист, спортски ветеран

декември 24, 2024
in ФОКУС
IN Memoriam: Гевгелија се збогува со Ристо Нејков, спортист од првата генерација на РК „Партизан“ Гевгелија
0
SHARES
1.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Годината што изминува, наместо радости за празниците кои следат во последните свои денови носи и загуби на наши познати гевгеличани.

Минатата недела Гевгелија се прости и се збогува од Ристо Нејков, познат градски лик, спортист, спортски ветеран.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025
Ристо Нејков (1937-2024)

Ристо Нејков, е роден во Гевгелија на 07.09.1937 година, почина на своја 87 годишна возраст, минатата недела на 16.12.2024. година. Погребот се изврши во кругот на семејството и пријателите, на градските гробишта во Гевгелија.

Гевгеличани Нејков го знаат како неуморен спортист. Ристо од мали нозе беше фокусиран на спортот и се’ поврзано со „топката“, но сепак обрнал внимание и на образованието.
Како дете од повоената генерација, растејќи во време кога било неопходна обнова на воено разрушената земја, тогаш во рамките на СФРЈ, Ристо се запишал на земјоделско училиште, посветен земјата да се обработува, а граѓаните на слободната држава да можат да се хранат од своите плодови, од својата татковина.

Завршил виша земјоделска школа, но напоредно спортувал и настапувал во дресот на гевгелискиот ракометен клуб „Партизан“. Посветен на својата работа и кариера во многу подрачја, работниот век го завршува во „Стопанска банка“ – филијала Гевгелија, на работна позиција „девизен менувач“.

Ристо Нејков, 4-ти од лево на десно. На малата фотографија е на постари години како ракометен судија

Како младинец Ристо Нејков станува член на првата екипа на РК „Партизан“ – Гевгелија и запишан е во аналите на овој клубски ракометен првенец во Гевгелија. По завршувањето на кариерата како активен спортист продолжува во сферата на спортот како државен ракометен судија во рамките на СФРЈ. Добитник е на многу признанија, награди и медаљи од областа на ракометниот спорт.

Награда за придонес во ракометниот спорт доделена од Ракометниот Сојуз на Македонија
Плакета по повод 30 години придонес во ракометниот спорт во СРМ
Плакета од Ракометниот сојуз на Македонија

Неговиот 87 годишен животен век беше исполнет со среќни и успешни моменти, а најбитно од се’ опкружен од фамилијата – најголемата негова гордост.

Денеска, на ден 24.12.2024, се одржа 9 дневен помен за неговата душа.

Нека почива во мир.
Вечен спомен за севкупниот негов спортски и професионален придонес за спортот и економијата во Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Гевгеличанецот Кристијан Марковски на „Звезде Гранда“ отпеа за 5 гласа

Next Post

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Next Post
Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Давидово во снежна белина и детска радост

Давидово во снежна белина и детска радост

6 месеци ago
Собранието ја изгласа Техничката Влада

Собранието ја изгласа Техничката Влада

1 година ago
Општински футсал прваци се женскиот тим ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци и ООУ „К.Мисирков“ машки

Општински футсал прваци се женскиот тим ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци и ООУ „К.Мисирков“ машки

9 месеци ago
Приведен 20 годишник во Гевгелија

Приведен 20 годишник во Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist