сабота, 21, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

IN MEMORIAM: Почина РИСТО ЌОРНАКОВ, член на легендарната група „Зијан“

Вчера, во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“

декември 27, 2024
in SHOWBIZ, Музика, ФОКУС
IN MEMORIAM:  Почина РИСТО ЌОРНАКОВ, член на легендарната група „Зијан“
0
SHARES
3.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчера, во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“.

Пред еден месец свиреше заедно со своите членови од „ЗИЈАН“ на сцената во МКЦ, создавајќи концертен легендарен повраток на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје, сцена која ја освоија еднакво квалитетно како и сите други сцени во Македонија и пошироко во YU просторот.

Related posts

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

По големата слава со настапите и победите некогаш на гитаријадите во Зајечар, Суботица и по првиот албум “Низводно”(1991), но и по големата пауза, се вратија достоинствено и господски на сцената на МКЦ од каде што почнале, тивко и без помпа, како тивка вода, во стилот на првата нумера која ја изведоа ноќта “Тивка вода”, во која пеат стих што ја отвора песната “Дали знаеш мили брате тивка вода брег што рони, лечи рани за три дена, само време нам ни треба”…

Беше љубител на музиката, свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел. Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство.

Ристо беше гевгелиски ученик, гевгелиски лик, гевгелиска естрадна ѕвезда заедно со „зијанците“, мирен и тивок, а маркантен по својата појава и музичко дело.

Гевгелија жали што вака ненадејно се „раситни“ петорката од саканата група „ЗИЈАН“.

Ице Ќорнаков (доле, прв од десно), со членовите од „Зијан“ на почетоците од 42 годишната музичка кариера

Длабоко ужаленото семејство известува дека посмртниот одар ќе биде изложен денеска на 27 декември во храм „Св. Константин и Елена“ во с.Мрзенци од 11 часот, а погребот ќе се изврши во 12:00 часот на гробиштата во село Мрзенци.

Гевгеличани ќе се простат и разделат од него од овоземното дружење, а ќе се дружиме со неговите песни и дела, за спомен и сеќавање. Понатаму Ице ќе свири заедно со ангелите.

Вечна ти слава и незаборав Ице!
Светол ти пат кон ѕвездите!!!

Ристо Ќорнаков (1963-2024)
ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

Next Post

ВИДЕО: Распеано и разиграно денеска во Гевгелија – Дедо Мраз пристигна!

Next Post
ВИДЕО: Распеано и разиграно денеска во Гевгелија – Дедо Мраз пристигна!

ВИДЕО: Распеано и разиграно денеска во Гевгелија - Дедо Мраз пристигна!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

СРЕБРЕН Медал за македонскиот шахист Тони Лазов на 45 Шаховса Олимпијада

СРЕБРЕН Медал за македонскиот шахист Тони Лазов на 45 Шаховса Олимпијада

2 години ago
Свечена литија и културно уметничка програма во знак на чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Гевгелија

Свечена литија и културно уметничка програма во знак на чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Гевгелија

3 години ago
Бадниковата поворка го најави раѓањето Христово – поделени 240 хуманитарни пакети

Бадниковата поворка го најави раѓањето Христово – поделени 240 хуманитарни пакети

11 месеци ago
Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“
  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари
  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist