Додека гевгеличани празнуваа за време на најлудата ноќ во годината дежурниот тим на Општа Болница Гевгелија се грижеше за одржување на здравјето на граѓаните и на пациентите со болнички престој, и на тие кои ќе се јават да побарат помош во текот на новогодишните славења.
- „Во Брзата помош при гевгелиската болница за време на Новогодишната ноќ регистрирани се 3 повика за интервенција на мобилниот тим на Брзата помош и 13 прегледи во амбулантски услови. Тоа се показатели за евидентно мирна ноќ во однос на здравствените итни потреби на граѓаните“ – изјави за GevgelijaNet, д-р Стефка Илиева, началник на Брзата помош во Гевгелија.
И, останатите одделенија во болницата имаа дежурни тимови за НГ: во хирургија, во интерно, нервно одделение, во детско и гинекологија. Сите имаа незначителен број на интервенции во рамките на својот округ на медицински третман.
Тоа укажува на мирна Новогодишна ноќ во Гевгелија и околината, мирно и умерено славење на граѓаните со алкохол, мирна новогодишна забава без инциденти кои би наштетиле на здравјето на граѓаните.
Пофалби за умерените и расположени гевгеличани.
Пофалби и за дежурниот тим на Општа Болница Гевгелија кои Новогодишната ноќ ја поминаа работно, во служба на јавното здравје на граѓаните на Гевгелија и својата поширока здравствена надежност.
СРЕЌНА НОВА 2025!