Традиционално и годинава се одржа Коледарскиот Хепенинг во Гевгелија, на познатата локација Ракометното игралиште во организација на ЛК СДММ Гевгелија.
Вообичаено е со палењето на големиот коледарски оган да се најави среќната вест на Рождеството Христово, а овде со забавна програма од локални изведувачи и естрадни уметници со Дејан Малзарков како водител, продолжи дружењето за предвестието на големиот ден со голем огномет.