Претпладнево во Гевгелија броен народ и распеани дечиња со Витлеемски ѕвезди поминаа низ центарот на градот најавувајќи ја најубавата вест, рождеството Христово.
❤️Прекрасни дечиња со ангелски гласови ја пееја песната “Вечниот Бог” во Слава на Бога!
Настанот е во организација на црквата „Св. Кирил и Методиј“ од Гевгелија која претходните денови со работилници за деца изготвуваа ѕвезди, а исто така и ја учеа празничната песна со која прошетаа низ гевгелиските улици.
Среќни и благословени да се сите!
СРЕЌЕН БАДНИК! БЛАГОСЛОВЕН БОЖИЌ!