Најстрашниот и најдевастирачки пожар во Лос Ангелес и Калифорнија, најголем до сега во изминатите 30 години, беснее веќе три дена.
Тамошните власти јавуваат дека опустошени се 800 акри од населбата, настрадале 10 лица, 200.000 луѓе се без струја и се’ уште огромен број од населението во Лос Ангелес не знаат дали ќе им остане куќата читава. Илјадници жители беа принудени да се евакуираат од пожарот кој навлегуваше во станбените области, па и луксузните квартови настанати со холивудските ѕвезди.
Вака беше првиот огнен ден во градот на Ангелите, кога изгореа 200 акри, а беа евакуирани 30.000 луѓе.
Луксузната област Пaлисадес гори веќе три дена.
Ова е воздушна снимка од тоа како во Пaлисадес после пожарот остана само пепел, наместо луксузните станбени палати.
Фотографиите кои доаѓаат од опожарената област се како пеколот да се симнал на земјата и се настанал во Холивуд.
Полицијата денеска се огласи дека уапсила маж бездомник заради подметнувањето на пожарот во Лос Ангелес.