Убава снежна Гевгелија во јануари 2007, толку далеку, цело едно полнолетство.
Не’ потсетува на белозимскиот гостин и предвестувањето на народните верувања за времето и неговото значење на утрешниот ден Богојавление.
Се верува дека „Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, годината ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна“.
Ништо чудно за градот на југот, градот на смоквите, калинките, па и маслинките, нашата Гевгелија, за која што за утрешниот ден Богојавление се најавуваат 12 степени Целзиусови и ведро време.
Сепак, зимата пред 18 години, со раздвижени луѓе низ центарот на градот, не’ потсетува на исполнетите домови со топлина и семејно заедништво.
Нека Ви биде топло и во душата, и во срцето, и дома!
Среќен ден на именосците кои ќе го дочекаат новиот ден Водици славенички и будни!
Фото: Гевгелија, јануари 2007 год.