Машката репрезентација на Македонија со убедливата победа над Гвинеја од 29:20 го потврди пласманот во главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Македонија во главната фаза, во која ќе игра против Австрија, Катар и Франција, ќе пренесе еден бод.
Македонија во 22-та минута за првпат дојде до плус два, 9:7, откако ривалот влезе во серија грешкi, а по 30 минути игра резултатот беше 14:10.
На стартот на вториот дел „црвено-жолто“ бргу дојдоа до 16:10 и веќе тука беше решен натпреварот, бидејќи до крајот Гвинеја немаше сила да ја повтори играта од првите дваесетина минути. Избраниците на Лазаров рутински го одработија остатокот од натпреварот и успеаја осетно да ја зголемат предноста за конечни 29:20.
Предводник кај Македонија повторно беше Филип Кузмановски со 12 погодоци, а голманот Марко Кизиќ беше солиден меѓу стативите.
Kапитенот Кузмановски беше прогласен за МВП против Гвинеја! И ова е втор пат македонскиот ракометен капитенот Филип Кузмановски да биде прогласен за МВП на СП во ракомет.
Со победата над Гвинеја Македонија оди во главната рунда, најверојатно од третото место и ќе игра против Австрија, Катар и Франција во Вараждин.
Maкедонија ги освои првите ДВА милиони денари на СП!
Mакедонија ја оствари првата цел и се пласираше во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тоа го направи со една победа, едно реми и еден пораз, а тоа значи дека ракометарите и стручниот штаб веќе „заработија“ два милиони денари.
Половина од оваа премија е од Ракометната федерација на Македонија, додека другата половина од Министерството за Спорт.