четврток, 10, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Лазар Шуклев – нов член на Советот на општина Гевгелија, Попов нов Претседател на Советот

Шуклев доаѓа од кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ од последните Локални избори за Гевгелија, на местото на Патрик Матх кој што си поднесе оставка од советничката позиција, a Попов ја превзеде функцијата Претседател на Советот

јануари 23, 2025
in ФОКУС
Лазар Шуклев – нов член на Советот на општина Гевгелија, Попов нов Претседател на Советот
0
SHARES
1.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Советот на општина Гевгелија вчера на одржаната 56-та редовна седница го верификуваше мандатот на новиот член од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Шуклев.

Советот на Општина Гевгелија го верифицираше мандатот на Шуклев согласно издаденото Уверение за избор на нов член од страна на Општинската изборна комисија – Гевгелија и по констатирањето за престанок на мандат на претходниот член на Советот, д-р Патрик Матх.

Related posts

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Имено, д-р Матх на претходната 55 седница поднесе оставка од причини што беше именуван за в.д. директор на ЈЗУ Општа болница Гевгелија со проширена дејност, а според Законот за локална самоуправа не може да обавува и раководна и самоуправна функција како член на локалниот општински Совет.

Лазар Шуклев доаѓа од Изборната листа за советници од ЛОИ 2021 година на партијата ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија и беше позициониран на 10-то место.
Роден е 22 јули 1940 година и со своите 84,5 години е реално најстариот избран претставник во Советот на општина Гевгелија, од постоењето на локалната самоуправа до сега.

Со оставката на Матх и верификацијата на мандатот на Шуклев односот на партиските сили во Советот на општината останува ист.

Матх од почетокот на функционирањето на овој советнички состав ја извршуваше и функцијата Претседател на Советот. Со оставката и напуштањето на Советот, на негово место за оваа функција мнозинството советници вчера одлучија да му ја доверат функцијата Претседател на Советот на Ѓорги Попов, досегашен член на Советот, исто од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, ова е втора смена во советничките редови на оваа партија. Претходно во август минатата година по оставката на Слаѓана Стаменковска, советничкото место го пополни Ивана Чабулева.

Од ОИК Гевгелија изјавуваат дека се очекува нова, трета по ред оставка на советник од редовите на истата партија кој веќе извршува друга функција, што се коси со одредбите од Законот за локална самоуправа и спречувањето на извршување двојни функции на претставниците на власта.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Здружението на пензионери Гевгелија додели пакети продукти за Богојавление

Next Post

ВИДЕО: Шок во Мелбурн, Ѓоковиќ го предаде полуфиналето по само еден сет

Next Post
ВИДЕО: Шок во Мелбурн, Ѓоковиќ го предаде полуфиналето по само еден сет

ВИДЕО: Шок во Мелбурн, Ѓоковиќ го предаде полуфиналето по само еден сет

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Ер-трактори над Дојранско eзеро

ВИДЕО: Ер-трактори над Дојранско eзеро

11 месеци ago
„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

2 години ago
Запалени сурварските огнови во Гевгелија

Запалени сурварските огнови во Гевгелија

1 година ago
Лишен од слобода жител на Јосифово

Пронајдено починато лице во Стојаково, богданско

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ
  • Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош
  • ВИДЕО: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist