Лажни се дојавите за поставени бомби што утринава стигнаа на електронските адреси на неколку училиштата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
- „Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Од МВР велат дека презеле плански мерки и активности за постапување во случај на терористичко загрозување.
Поголемиот дел од училишта во Скопје, Штип, Кочани и Куманово утрово се евакуирани поради дојава за бомби.
Дојавите за бомби се проверуваа во Oсновни училишта во Скопје, ОУ „Лазо Ангеловски“ , ОУ „Александар Македонски“, ОУ „Димо Хаџи Димов“, а учениците и вработените биле евакуирани утринава.
Дојава за бомба имало и во ОУ „Магдалена Антова“ во Куманово.
– „Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот“ стои во сооопштението на МВР.
- „По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава.
По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани. Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар“ стои во соопштението на Општина Аеродром на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во октомври 2022 година речиси цел месец наставата во училишта низ Македонија се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби.