На подрачјето на Гевгелија и Стар Дојран при преглед од страна на полициски службеници кај две лица е пронајдена марихуана. СВР Струмица ги терети со Кривична пријава за „овозможување на употреба наркотични дроги’’ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Едниот сторител е 20 годишен гевгеличанец, вториот е државјанин на СРГерманија.
Во полицискиот билтен се наведени делата за кои се теретат двајцата:
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.М.(20) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 22.03.2024, , полициски службеници го затекнале пријавениот во паркот во Богданци со уште три лица, при што извршиле преглед над него и пронашле марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.С.(25) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.02.2025 на Граничниот премин Стар Дојран, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Кривичните пријави се доставени до Основното Јавно обвинителство Гевгелија.