Здружението на граѓани „Дон Кихот 95“- Гевгелија под раководство на Катица Џишева Дупарова како режисер подготвија нова театарска претстава со која ќе настапат следната недела пред гевгелиската публика.
Претставата ќе се одигра во два термина, премиерно – на 20 февруари (четврток) и втората изведба на 21 февруари 2025 година (петок), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
Влезот чини 200 денари. Влезниците се пуштени во продажба, а можат да се набават во кафе-барот и ресторан “ЈuMi”- Гевгелија.
Станува збор за комедија на интрига, работена по филмското сценарио од Џим Мулхоланд и Мајк Бари. Работите се замрсуваат кога торбата со скапоцен накит ќе заврши во погрешни рацe.
Во претставата учествуваат: Силвестер Проле, Светлана Стојковиќ, Каме Ќаев, Зоран Кундурџиев, Томе Шуклев, Влатко Сапламаев, Петар Јанчев, Ангелина Шуклева, Весна Делева, Мартин Костадинов, Катерина Ичева, Весна Папучиева и Лазе Николов.
Режијата е на Катица Џишева Дупарова, а сценографијата е изработена од Александар Јанев.
Театарската претстава „Ванчо“ на Здружението на граѓани „Дон Кихот 95“- Гевгелија е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата.