четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Пинг-понг турнирот „NEGORCI OPEN 2025“ викендов прерасна во меѓународен спортски настан

Настапија 70 натпреварувачи од 10 пинг-понг клуба од државата, а меѓународното ниво беше обезбедено со учество на спортисти од Србија и Турција

февруари 12, 2025
in СПОРТ
Пинг-понг турнирот „NEGORCI OPEN 2025“ викендов прерасна во меѓународен спортски настан
0
SHARES
210
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Изминатиот викенд во Негорци се одржа третиот турнир во пинг-понг кој беше и најброен и меѓународен за разлика од претходните спортски случувања на „NEGORCI OPEN 2025“.

Настапија 70 натпреварувачи од 10 пинг-понг клуба од државата: од Скопје, Радовиш, Битола, Кратово, Велес, Куманово и Македонска Каменица во двата натпреварувачки дена, како и натпреварувачи од Негорци и Гевгелија.

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026

Меѓународното ниво беше застапено со учеството на натпреварувачи од соседна Србија, како и јуниорскиот првак на Турција до 12 години, Kuzey Mehmet кој дојде од Северен Кипар и освои 3то место на турнирот.

Најмладиот учесник Kuzey Mehmet (12 год.) од Турција со освоениот медал

Ова се пласманите за Левел Б Турнирот:
1. Прво место – 🥇 Слободан Грковски (Скопје)
2. Второ место – 🥈 Борче Талевски (Битола)
3. Трето место – 🥉 Кристијан Бојмалиев (Негорци)
4. Трето место – 🥉 Kuzey Mehmet (Турција).

Медалистите на „Левел Б Турнир“

Во неделата се одржа „Negorci open masters“, а ова се Пласманите:
1. Прво место – 🥇 Борче Талевски (Битола)
2. Второ место – 🥈 Теодор Кировски (Скопје)
3. Трето место – 🥉 Сашо Стојановски (Скопје)
4. Трето место – 🥉 Зоран Леов (Велес).

Медалистите на „Negorci open masters“

Настанот се одржа во салата на Младинскиот дом во Негорци во организација на спортскиот ентузијаст Кристијан Бојмалиев од Негорци. Пинг-понг турнирот се одржа и минатата година, а со годинашната организација покажува тенденции да биде традиционален спортски настан.

Натпреварувачки пинг-понг викенд во Негорци – Судиите и публиката имаа почесно место
Кристијан Бојмалиев

Организаторот Бојмалиев за GevgelijaNet изјави:

– „Горд сум на се’ што се постигна во комплетниот концепт „Negorci Opеn 2025“. Се одржаа 5 различни настани во еден концепт, во 5 различни конкуренции: Жени, Ветерани, Бизнис Лига која траеше три месеци, Левел Б турнир и Мастерс. Се заблагодарувам на сите кои помогнаа да се одржи овој настан особено на двата главни спонзора „Илинден 2007“ и „Ресторан Романса“ Прдејци.

Изјавувам дека во иднина продолжувам со „Negorci Open“ трето издание и ќе се борам со сите алатки што ги знам и умеам за доброто на пинг понгот во нашата општина“ – рече Бојмалиев.

Дека пинг-понгот отвара можност за спортски растеж на Негорци покажува и интересот на спортистите за учество на „Negorci Open“. Минатата година имало само 17 учесници, а годинава 70 натпреварувачи од 11 општини од државата и меѓународни учесници од Србија и Турција.

Ова е податок кој укажува на тоа дека заедно со турнирот време е за клубски растеж на пинг-понгот во Негорци и Гевгелија.

Победникот во „мастерс“ конкуренција – Борче Талевски од Битола, со спонзорот Ице Калам
Бојмалиев освои мдал за Трето место во Левел Б

ShareTweetShareSend
Previous Post

Театарската дружинa „Дон Кихот“ од Гевгелија со нова комедија „Ванчо“

Next Post

На ГП „Богородица“ запленети 188,6 килограми марихуана

Next Post
На ГП „Богородица“ запленети 188,6 килограми марихуана

На ГП „Богородица“ запленети 188,6 килограми марихуана

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Осум години од нападот во Диво насеље

Осум години од нападот во Диво насеље

3 години ago
Лишени од слобода две лица во Гевгелија

Лишени од слобода две лица во Гевгелија

2 години ago
ТРАГЕДИЈА: Пожар однесе 76 животи, гостите скокаа од тераси во хотел во Турција (ВИДЕО)

ТРАГЕДИЈА: Пожар однесе 76 животи, гостите скокаа од тераси во хотел во Турција (ВИДЕО)

2 години ago
Даниела  Венова – од младешка пасија до сопствен бизнис

Даниела Венова – од младешка пасија до сопствен бизнис

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist