Акцијта е традиционална, доброволна и хумана, а на истата учествуваат вработени од компанијата и граѓани од Гевгелија, сите со хумана желба да помогнат некому.
Денеска хотел „Фламинго“ казино – Гевгелија беше домаќин на веќе традиционалната крводарителска акција, организирана заедно со Црвениот крст Гевгелија. Годинава акцијата има мал јубилеј, бидејќи се организира 5-та година по ред.
Вкупно 91 лице, вработени во хотелот, но и граѓаните на Гевгелија денеска во просториите на хотелот ја покажаа на дело својата хуманост дарувајќи крв. Акцијата имаше голем одзив, доброволците чекаа на ред за да ја остварат својата хумана цел.

Целите на акцијата од година во година растат и се надминуваат. Лани беа собрани 83 единици крв, а во 2023 година 79 единици. Секоја година одзивот за крводарување е се’ поголем.
Крводарителската акција е организирана и реализирана, во соработка со Црвениот крст Гевгелија, која изрази благодарност до хотелот и менаџментот за поддршка и соработката.
Акцијата е показател дека освен компанијата на х.„Фламинго“ која ја покажува својата општествена одговорност со низа донации за општината, гевгелиското здравство, спортските активности, дека и вработените негуваат општествено одговорен и хуман однос кон заедницата, кон болните на кои крвта им е неопходна за ниваното здравје и закрепнување.