Попладневната дружба за тројца млади од Богданци и Црничани завршила со лишување од слобода поради дрога.
Минатиот петок, на 21.02.2025 во 16:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода М.М.(25) и С.М.(20) од Богданци и М.С.(18) од село Црничани, општина Дојран.
При преглед на патничко возило „Опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М., кај сопатниците С.М. и М.С. била пронајдена марихуана.
Подоцна, со наредби од Основен суд Гевгелија, биле извршени претреси во домовите на лицата, при што во домот на М.М. и С.М. биле пронајдени марихуана и грендер, јавува МВР.
Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.