Оливера Станковска не престанува да изненадува со песната. Секогаш расположена за музицирање во друштво, но и со нескротена инспирација за создавање.
Последното нејзино музичко „чедо“ е песната „Момчето од југот“ за која таа напиша музика и текст, а аранжманот го довери на Кирил Зарлинов, музичар и водител во „Антена 5“.
– Не ни треба војна, душо нам ни треба љубов, Ти си момче силно, храбро, роден си на Југот“ – е дел од рефренот во кој ќе се препознаат младите генерации од Југот за кои пее Оливера.
Лесни певливи ноти. Послушајте: