Физичка пресметка и убодна рана однесоа жител на с.Јосифово зад решетки.
Во петокот, на 07.03.2025 година во 17:00 часот во село Јосифово, општина Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода А.М.(41) од село Јосифово.
Причина за таквата постапка на полицијата е затоа што А.М. по претходна физичка пресметка со лицето Р.М. од истото село, со остар предмет му нанел убодна рана на Р.М. (жител на Јосифово) во пределот на подколеницата.
За настанот бил запознаен надлежен ЈО од ОЈО Гевгелија.
По документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.