Одлуката на организаторот „Пасворд Продукција“ е после полуматурирањето, после 14 години опстојување на традиционалната музичка манифестација „Д фествал“ во Дојран, таа да се пресели во Штип. Оправдувањето е во овие напишани редови:
– „По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно БЛАГОДАРАМ на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со реалноста.
Но, полека и сигурно нашата Д заедница расте, и како дете што го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и Д Фестивал тргнува по нов пат. Ова лето, за јубилејната 15ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон ШТИП – опкружени со планини и река, ПОД ИСАРОТ е новата дестинација за најпозитивната фестивалска дружина, нов простор за магија и ново платно за испишување на највозбудливите фестивалски приказни.
Нови хоризонти, истиот дух, уште повеќе љубов!“ – истакнуваат оргаизаторите на „Д фестивал“
Тие веќе ја закажаа новата летна фестивалска авантура во Македонија, за периодот од 4 до 6 јули, ВО ШТИП – а Д од „Дојран Фестивал“ го трансформираа во „THE FESTIVAL“.

Реакциите на младата публика која е традиционален посетител на летните фестивалски збиднувања во Дојран се негативни во однос на одлуката на организаторот.
- „Аууу која грешка ја правите. Д Фест го смени името во Ш Фест. Катастрофа… – напиша во коментар на објавата на организаторите Бојан Маневски.
- „Искрено поголема глупост од оваа и неможевте да направите…… од езеро и свеж воздух во камењарник и прашина……… 🙁“ – напиша Ф.Маџаров.
- „Дојран е синоним за овој фестивал…. Штип ми е многу поблиску. Ама фестивал од ваков формат со ваков дух можеше да биде тоа што е само во Дојран… Толку“ – напиша Кристијан Кузелов.
- „Тотален промашај за една традиција, тогаш ќе биде “Ш фестивал” – напиша Александар Арабаџиев.
- „На Дојран му нема замена и тоа специјално место е душата и телото на Д-то во самиот Д Фестивал. Ни во најубавото место во Охрид да го преместевте, повторно нема да е тоа. А за другото, паркингот и lake awake беа на совршено место, на страна од градот каде никому не му сметаше забавата до раните утрински часови“ – забележа Славчо Митров.

Многу луѓе се вградија во 14 годишното постоење на Д-Фестивал.
Огранизаторот објави благодарност до секого поименично:
– „Ви благодариме на сите кои помогнавте да го израснеме фестивалскиот бренд во Дојран и кои на тој пат станавте наши особено драги пријатели и дел од нашата Д фамилија: Горан и Билјана Џиневи, фамилијата и целиот персонал на Сендвичара „Џина“, Диниш Катранџиев, Сестра Ефимија и Сестра Февронија, Марика Кетикиду, Костадин Џинев и фамилијата, Андреј Ангеловски, Зоран Петров Антена 5, Коста Јаневски Антена 5 и целиот тим на Антена 5 Радио, Сашо Мацановски Трендо, Марјан Деловски – Дељо, Митко Јанев и целиот тим на Ресторан „Фук Так“, Костадин Трајков – Коце, Митко Арнаудов, Лена, Танка, Анита и сите прекрасни жени од Здружение на жени „Дојран“, Сања и Иле од „Alex Beach“, Светлана од Детското одморалиште, Симона и целиот тим на хотел „La Terrazza“, Тања и Здравко од „Fancy“, Тасим и Ефе Јусуф со нивниот тим, Тони Спиркоски – Тото од Плажа „Стејџ, цела фамилија Истатов и мнооогу многу други!
Никогаш нема да ги заборавиме и ќе бидеме вечно благодарни и на: чичко Благоја Истатов, Глигор Чабулев и Никола Џинев.
ТИ БЛАГОДАРИМЕ ДОЈРАН!!!“ – е последната порака од фестивалскиот организатор објавено на социјалните мрежи.
Инаку Продукцијата за истата дата 4-6 јули 2025 го најавуваше јубилејното 15-то издание на Д Фестивал во Дојран. Што се смени во меѓувреме, знаат само организаторите!!??