Учителката Елена Накова во емотивна порака на социјалните мрежи се прости од своите ученици Никола и Матеј на кои им била наставничка од 5-то до 9-то одделение. Еве ги нејзините зборови на болка, опрост и неизмерна тага:
– „Драги деца, Не можам да поверувам на сопствените очи и уши дека повеќе Ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX, V одд. кога бев ваша наставничка, моментот кога седнавте во иста клупа.
Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми ѕвони во ушите твојата рецитација на песната „Кога ја љубев Дениција“ која ја вежбавме за една училишна активност.
Ах, ах, ах, Матејче, уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“ иако викендот беше далеку!
Ееее, токму овој викенд беше најлошиот викенд за мене, бидејќи ја слушнав кобната случка и уште покобното сознание дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ ве прими во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите!
Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејќи ние за Вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуваат како што и вашата присутност меѓу најблиските“ – свои во статусот напишан на социјалните мрежи од наставничката на двете загинати млади момчиња при пожарот во дискотеката во Кочани.