четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Во Кочани еден ден по трагедијата гнев и протести во кои се бара одговорност

Кочанчани гневни, протестот продолжува низ улиците на градот, до Општината, до кафулето на сопственикот на дискотеката на смртта, до полициската станица. Бараат одговорност и правда за изгубените млади животи, за повредените млади деца кои се лекуваат од пеколниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

март 17, 2025
in MАКЕДОНИЈА
ВИДЕО: Во Кочани еден ден по трагедијата гнев и протести во кои се бара одговорност
0
SHARES
184
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Семејствата на жртвите еден ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“ немаат тела на починатите кои се на обдукција, повредените се на лекување во клиники во земјата и во Грција, Србија, Турција. Тагата не може да се оплакува на гроб, ниту пред постелата на повредените, па кочанчани денеска излегоа на протести по улиците да ја искажат својата болка и гнев од трагиката за кој некој треба да сноси одговорност.

Во неделата, 16 март во дискотеката „Пулс“, која ја нарекуваат дискотека на смртта, во која изби пожар, 59 лица го загубија животот, а 155 се повредени. Настраданите се претежно млади лица, а има и малолетни.

Related posts

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

август 2, 2026
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

јули 31, 2026

Вака почна денот со слики на своите деца родители плачат пред масата насобрани граѓани.

Граѓаните кои протестираа стигнаа до фирмата на сопственикот на дискотеката „Пулс“. Најпрвин фрлале камења кон излогот на сопственикот на дискотеката, а потоа го превртеле неговото возило.

На протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, претходно дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.

Кафулето класик со искршана опрема и столарија

Инаку, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења и јајца.

Градоначалникот вчера не излезе на местото на трагедијата, не се појави во јавност да изрази сочуство ниту беше во болница да ги посети повредените. Дури утрово на својот фејсбук профил напиша дека поднесува оставка и побара од институциите да ја испитаат одговорноста за пожарот во неговиот град.

Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.

Тензично стана и пред полициската станица во Кочани. Овде луѓето извикуваа „Сакаме правда!“

ShareTweetShareSend
Previous Post

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Next Post

Миравци со почит кон настраданите од Кочани

Next Post
Миравци со почит кон настраданите од Кочани

Миравци со почит кон настраданите од Кочани

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Два дена опожарувања во с.Николиќ, Дојранско

Два дена опожарувања во с.Николиќ, Дојранско

3 години ago
Празнично во с.Ума, се слави заштитникот на селото, Св.Пантелејмон

Празнично во с.Ума, се слави заштитникот на селото, Св.Пантелејмон

2 години ago
ЛИ 2025 – Трет градоначалнички мандат за Блаже Шапов во Богданци

ЛИ 2025 – Трет градоначалнички мандат за Блаже Шапов во Богданци

10 месеци ago
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist