Денес одбележуваме 123 години од Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република, прва на Балканот и 82 години од Првото заседание на АСНОМ кога се удрени темелите на македонската држава со одлуката на Президиумот на АСНОМ и формирањетоа е Народна Република Македонија.
На денот кога го славиме двојниот Илинден – Илинден 1903 и АСНОМ 1944, со гордост и почит се сеќаваме на сите кои се вградија во темелите на слободна и независна Македонија.
Нека нивната жртва и идеал бидат вечна инспирација за единство, достоинство, мир и просперитет.
И Гевгелија дала свој придонес во овие историски моменти: На насловната фотографија е споменикот на Сава Михајлов, комита и војвода од Гевгелија учесник во акцијата за грабнувањето на Мис Стон за да се изнудат пари за откуп за набавка на оружје за востаниците против Отоманската империја, учесник на Илинденското востние 1903 година, вечна инспирација за младите непокорливи борци за слобода од Гевгелија и гевгелиско, по него е именуван првиот Партизански одред формиран на Кожуф планина составен од брци од Гевгелија и гевгелиско.
На втората фотографија од колажот е Спомен костурницата на паднатите борци од Гевгелија и гевгелиско за време на Народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор. Гевгелија дала борци и жртви за слобода и доаѓањето на моментот за устоличувањето на државноста со одлуките на АСНОМ.
На третата слика од колажот е говорник од Првото заседание на АСНОМ од споменичното обележје во Жена парк Скопје
На сите граѓани им го честитаме големиот национален празник – Илинден!
Нека е вечна Македонија! 🇲🇰



















