На плоштадот во центарот на Кочани денеска во 15 часот се одржа протест на неутешните граѓани за 59-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ и уште близу 160 повредени. Тие со испишани транспаренти упатија пораки до надлежните:
„Доста беа лаги и неправди, слобода за невините“,
Ова стоеше на дел од транспарентите на денешниот протест.
Жител на Кочани изјави: – „Дај боже да го заборавиме ова побргу, но мислам дека ќе трае со генерации“.
Конкретно тој посочи дека е неправедно притворен тренерот на БК „Спартак“ Зоран Сребренов.
– „Се терети дека е поврзан со агенцијата за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Се наведува дека е назначен за раководител на Поддружница на Агенцијата за обезбедување во Кочани. Тој нема договор со обезбедувањето на дискотеката за да биде теретен. Сакаме да дадеме поддршка за сите од обезбедувањето кои се сега затворени. Обезбедувањето, помагале на сите повредени. Се плашиме невините да не страдаат наместо виновниците. Тие четворица од обезбедувањето да не биле, да не помагале, жртвите ќе биле поголеми“ – изјави жител на Кочани кој се претстави како Александар..
Протестот на Кончанчани се најавува на социјалните мрежи дека ќе се одржува секој ден..
Исто така, на социјалните мрежи, за понеделник иницијативата „Кој е следен“ најавува протести во Скопје. Настанот е закажан во симболично време 18:59 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.