четврток, 10, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Марш со молк во Кочани под мотото: „Молкот зборува најгласно“

Без говори, без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани

март 23, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Марш со молк во Кочани под мотото: „Молкот зборува најгласно“
0
SHARES
99
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На дожливиот ден, четврти ден од погребот на 59-те жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани граѓаните од Кочани наместо молк решија да изведат „Марш на молкот“. Ова како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела, вклучително и возачот на Брзата помош кој почина истиот ден од стресот превозувајќи 36 повредени низ клиниките во други градови во државата.

Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани.

Related posts

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

јули 7, 2025
МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025

Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат одговорност за трагедијата којашто уништи неколку генерации млади луѓе.

На крајот од 15-минутната почит за загинатите, беше упатена благодарност до сите пријателски држави кои на лекување ги примија повредените од пожарот. Во пораката до институциите беше нагласено дека граѓанските протести и собири не се за менување власт, туку повик за менување на свеста против начинот на кој функционира целиот систем во државата.

– Ние во Кочани секогаш сме биле разумни и рационални луѓе, а проблем е што ова е гнил систем кој не функционира. Ако кренеш глава за правда ќе те избркаат од работа, ќе те наместат, ќе те затворат. Системот не функционира веќе 30 години, но ние немаме намера да рушиме власт. Оваа држава има прекрасни луѓе, но половината се во странство, а другите, нашите најдобри интелектуалци ги ставивме во дупките во земја. Сега ќе имаме и работа и фирми, но немаме деца. Не бараме револуција за промена на власт, туку бараме револуција за менување на нашата свест. Да се свестиме и да прекинеме со партиските поделби, да почнеме од овој момент да создаваме нормално општество. Во сите партии има прекрасни луѓе, но тие се во десеттиот, единаесеттиот ешалон. Што треба да се случи полошо од ова, кога веќе немаме ништо. Ако умре овој град, барем нека се спасат другите градови, рече Влатко Здравко, учесник во маршот.

Учесниците на маршот се разотидоа мирно и најавија дека ќе продолжат со собирите и барањата за институционално решавање на трагедијата во Кочани.

Поддршка со хуманитарен прилог може да даде секој на следните донаторски сметки на Фондот за солидарност при Црвен Крст на Македонија, или да се јават на отворениот телефонски број  за донации 143-400 кој важи за сите три оператори во мобилната телефонија во државата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Одржан мирен граѓански протест во Кочани

Next Post

Почина Светлана Броз, внука на југословенскиот претседател Тито

Next Post
Почина Светлана Броз, внука на југословенскиот претседател Тито

Почина Светлана Броз, внука на југословенскиот претседател Тито

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

2 години ago
Патникот-хуманист, српскиот пејач Никола Роквиќ стаса во Дојран

Патникот-хуманист, српскиот пејач Никола Роквиќ стаса во Дојран

1 година ago
Aна и Антонио од Гевгелија освоија – две ПРВИ места во Струга

Aна и Антонио од Гевгелија освоија – две ПРВИ места во Струга

1 година ago
Весна Чакалова носителка на титулата “The Grace Empress 2025”

Весна Чакалова носителка на титулата “The Grace Empress 2025”

2 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ
  • Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош
  • ВИДЕО: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist