Традиционалното 32-ро издание на Новосадскиот Полумаратон се одржа вчера низ улиците на Нови Сад, Србија, а започна со едно минутно молчење за настраданите во трагичната несреќа во Кочани.
На спортскиот атлетски настан учеств зедоа околу 1.900 учесници од земји од Балканот и пошироко. Меѓу нив и 9-мина учесници од АК „7 Ноември“ од Гевгелија кои покажаа завидни резултати на тркачките патеки.
Во сениорска конкуренција настапија Влатко Семенаков, Тоше Анчев и младиот 12 годишен Максим Ангов на трката од 5 километри.
Наместо 5 км, според најавеното, патеката беше долга 6,1 километар и тоа го поремети темпото на гевгелиските атлетичари кои ги потрошија силите на крајот од 5-тиот километар, а видоа дека ЦЕЛТА е уште далеку. Сепак остварени се следните резултати:
Влатко Семенаков го завзеде 4-то место, Тодор Анчев 6-то место, а малиот Максим Ангов истрча со 10-то најдобро време во конкуренција со сениорите заедно.


Вистинско изненадување беа најмалите атлетичари од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Во категоријата „Детска трка“ од I до IV одделение на трасата од 400 метри најдобар беше:
– ТОМЧЕ ПЕТКОВ кој се искачи на подиум за освоено ТРЕТО место.
По него следуваше Божидар Цицмиловиќ кој освои 4-то место.

На истата трка трчаа и Костадин Семенаков, Горан Семенаков и Добрилка Семенакова, членови на гевгелиската „Школа за атлетика“.
Подиум освоија и малите атлетичари на „Детската трка“ на трасата од 800 метри наменета за деца од V до VIII одделение. Резултатите за подиум ги истрчаа:
– МАКСИМ АНГОВ – освои ВТОРО место и,
– ДРАГИ ИТОВ – освои ТРЕТО место.
И двајцате се шесто одделение, за две години помлади од комплетната конкуренција на трката.

Ова се одлични резултати за гевгелиските атлетичари и малата школа на атлетски надежи.
Честитки!

