Општествено одговорните се одважија да го наградат со признание и стипендија за студирање 19 годишниот херој во несреќата во Кочани, Јован Костадинов од Виница.
Вчера се огласи компанијата „АЛКАЛОИД“ со донација од 15 милиони денари помош за настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и награда, 4 годишна стипендија за младиот херој Јован Костадинов.
Јован ќе добива секој месец по 18.000 денари стипендија за студирање, бидејќи тој е годинава матурант во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, така што ова стипендирање ќе му биде добар поттик за успешно да ги заврши студиите кои ќе ги одбере. Компанијата „АЛКАЛОИД“ сака да му го олесни патот кон иднината, како што тој несебично го отвори патот кон животот за 21 лице кои ги извлече од огнената и задушливо-отровна стихија во опожарената дискотека „Пулс“ на кобната вечер од 16 март годинава.
Со иста одлука за признание за херојството вчера се огласи и општина Виница.
Советот на општина Виница на вчерашната 40-та редовна седница донесе Одлука да се додели Плакета за херојство на Јован Костадинов и стипендија за неговото 4 годишно студирање.
– „Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија“, напиша премиерот.
Гестот кон Јован е повеќе од финансиска поддршка – тоа е признание за неговата храброст и несебичност, но и порака дека вистинските херои не остануваат незабележани. Македонската јавност веќе го препозна како симбол на младешка сила и доблест, а сега, со оваа поддршка, му се дава можност да ја гради својата иднина со уште поголема сигурност.
Херојството и човечноста заслужуваат поддршка!
Браво Јоване! Ја заслужи нашата благодарност и почит!
