Машката кошаркарска екипа на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија победи на Регионалниот натпревар помеѓу средните училишта од југоисточно-вардарскиот регион и се пласира за настап на Државен натпревар за средни училишта во кошарка.
Победата доаѓа со одиграните натпревар со Средното училиште во Куманово каде остварија резултат 49 : 48. Претходно одиграа победнички и со средното училиште од Кочани.
Претходно, во текот на првото полугодие средношколскиот кошаркарски тим од Гевгелија одигра извонредно на општинските натпревари и остварија победа и пласман за настап на Регионалните. Откако го поминаа и ова скалило продолжуваат на Државниот натпревар во кошарка помеѓу средните училишта, каде ќе се сретнат 4-те најдобри екипи.
Натпреварите се одиграа во Штип, во средното гимназиско училиште „Славчо Стоименски“.
Средношколскиот женски тим во кошарка од Гевгелија, како победник на општинските натпревари одиграни минатата година, настапи на годинашните регионални натпревари во кошарка за средни училишта и го освои четвртото место.

Ментори на ученичките тимови се професорите по физичко образование и спорт при СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија, Влатко Семенаков и Трајче Стојанов.
Честитки за трудот на сите ученици спортисти.
Многу среќа на Државните натпревари за учениците кошаркари од СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија.
