Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зема и 60-тата жртва, по изминати 20 дена од кобната ноќ кога изби пожар и настрадаа 59 млади лица.
Почина Александар Карадаковски, управителот на фирмата „МММ Кафе дооел“, кој што управувал и со дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Карадакоски беше еден од десетиците повредени пациенти кои беа пренесени во странство. Тој и уште тројца пациенти беа пренесени на лекување во Литванија.
Карадаковски е 60-та жртва од трагедијата која што силно го погоди Кочани и цела Македонија.
Тој работел како шанкер во дискотеката, а вистинскиот сопственик е Дејан Јованов-Деко.
Се очекува официјална потврда од надлежните.