Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за силување на малолетно девојче во гевгелиско.
„Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.“