Испорачуваме честитки за меѓународниот ден за најхуманата професија здравството и грижата за здравјето на граѓаните, со една историска фотографија од тимот на Брза Помош Гевгелија која функционираше во приземјето од зграда на бул.Гевгелија.
Ова е фотографија од отварањето на просториите 1999 год. и функционирањето 24 часа во служба на граѓаните, опремени со современа апаратура, возило и мобилни телефони за екипата која е на повик веднаш да се упати на следниот итен повик, без да има празен од за враќање во просториите на Брзата помош.
БП работеше во состав на тогашен Медицински Центар Гевгелија, а за опремувањето во голем дел се погрижи гевгеличанката Катерина Каракабакова, тогашен Државен секретар во Министерството за здравство.
Раководител на ИМП беше д-р Ице Дојранлиев, со колегите д-р Ангелов, д-р Јованов, д-р Стојанов, медицинските сестри Ангелина, Васка, Славица …… препознајте ги останатите.
Честит празник до сите медицински работници! Вие го чувате нашето здравје!
Ви благодариме за сета грижа и посветеност.
Ретро фото: Итна медицинска помош – Гевгелија 1999