Во чест на празникот Цветници со кој се одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, свечено се украсени црковните храмови во Гевгелија со палмови гранчиња и свежо цвеќе, онака како што Христос бил дочекан од страна на верниците и поклониците.
Цветно и величенствено е на самиот влез, во дворот и во внатрешноста на црквата „Св. Кирил и Методиј“ и манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија, а верници поклоници преку целиот ден ги посетуваат божјите храмови палејќи свеќа за здравје и благослов.
Да е за многу години празникот христијански!!🌿